ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМЦИ И МАГИСТРАНТИ

НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

На 149 економисти и 11 магистранти на Економскиот факултет им беа врачени дипломи за завршено образование. На чинот на фрлањето на капите од свечените одори присуствуваа градоначалникот Марјан Ристески, Златко Жоглев, ректорот на Универзитетот “Св Климент Охридски” и  Ѓорѓи Манчески, деканот на Економскиот факултет.

На академците им се посака лесно ставање на нивното знаење во функција на подем на стопанството и придонес кон економскиот развој на земјата.

Ристески истакна дека е гордост за еден град да има високообразовани кадри и се надева дека стопанствениците ќе препознаат квалитетни менаџери.

Loading