ИНДУСТРИСКА ЗОНА КАЈ СЛАВЕЈ

Тони Заткоски, кандидат за градоначалник на Кривогаштани

“Кривогаштани е нашиот дом, во кој секој ја гледа иднината и својата шанса за успех. Нашата цел и визија е подобра општина. Ние, од ВМРО – ДПМНЕ, ќе го реализираме ветувањето. Ќе работиме домаќински, одговорно и чесно. Нудам програма со конкретни проекти и рокови, која е плод на досегашните искуства, континуитет и стратешки цели на општината, насочени кон развој и просперитет,,.

Ова го изјави Тони Заткоски, кандидат за градоначалник на Кривогаштани, промовирајќи ја програмата со која ќе ја бара довербата од граѓаните на локалните избори на 24 март.

Тој посочи дека со програмата општината ќе стане подобро и поубаво место за секој граѓанин.

– Ветувам локален економски развој со изградба на индустриска зона во селото Славеј, континуирана поддршка на малите и на средните фирми и поддршка за формирање нови мали и средни претпријатија и семејни бизниси, промоција на локалното стопанство, унапредување на тутунопроизводството и на раноградинарските култури, потоа проект за развој на претприемачки вештини, изградба на покривна конструкција на пазарот во Кривогаштани. Во образованието – изградба на спортска сала во ОУ “Манчу Матак” реконструкција на системот за греење, реновирање на училиштата во селата Годивле, Славеј, старата училишна зграда во Кривогаштани, бесплатен интернет во сите основни училишта и проекти во спортот, кои овозможуваат  услови и развој со изградба на спортски сали, фудбалски и тениски игралишта. Ќе се поддржува културата, културните друштва Илинден од Кривогаштани и Пелагонка од Обршани. Ќе се едуцираат граѓаните за користење на компјутерите и интернетот. На комунален план ќе се градат паркови и ќе се штити животната средина. За подобра инфраструктурата ќе се градат патишта – рече Заткоски.

Беа претставени кадидатите за советници, предводени од носителот на листата  Здравко Тренески.

Loading