ДВАЈЦА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Двајцата кандидати ќе се тркаат за градоначалник за Прилеп. Според неофицијалните податоци од Општинската изборна комисија, за градоначалнички мандат ќе се борат на 24 март актуелниот градски татко, Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и наставникот Зоран Петрески од СДУ.

До комисијата, кандидатски листи за советници доставиле четири партии –  ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Демократската обнова на Македонија (ДОМ) со носителот Бранко Дукоски, СДУ  со Игор Димески и Народно движење на Македонија.                                                                        

Loading