БРАНКО ИЗЛЕЗИ НА МЕГДАН

“Бранко Црвенковски ги лаже луѓето околу него дека ќе дошле од меѓународната заедница и ќе нé убедувале на договор за предвремени парламентарни избори. Му порачувам да не  ги лаже луѓето. Договор за предвремени избори со Бранко нема да има, ни утре, ни задутре, ни во сабота, ни потоа”.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски.

Груевски порача дека ако сака Црвенковски да излезе на мегдан со ВМРО – ДПМНЕ, има можност на 24 март да излезе со свои кандидати.

– Ако можат нека подготват некоја програма, па да видиме народот на кого ќе му ја даде поддршката. Нека не се кријат, да не бегаат од народот. Заврши времето на манипулации. Овојпат ќе му покажеме дека без разлика дали ќе излезе на избори, народот на 24 март масовно ќе излезе и ќе го даде својот глас за кандидатите кои ќе ги избре – рече Груевски.

Според него, Црвенковски одработува туѓи интереси, игра за себе, за личната кариера и за Грција.

Loading