РИСТЕСКИ Е СИНОНИМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

“Прилепчани добро знаат кој е Марјан Ристески. Тој реализира многу проекти, па и такви кои не беа во програмата. Таков човек му е потребен на Прилеп, а не обратно, кои ќе ветат, а нема да исполнат”.

Ова го рече премиерот Никола Груевски, претставувајќи го кандидатот за градоначалник, Марјан Ристески.

Според него Ристески е синоним за поимот градоначалник.

– Изминатите осум години докажа дека знае како се работи и како се прават дела. И сега, сé што ветува, сигурно е дека знае како да го оствари – потенцира Груевски.

Граѓаните секаде даваат поддршка на кандидатите на ВМРО – ДПМНЕ, затоа што се уверија дека партијата заедно со граѓаните многу внимателно ги обмислува програмите.

– Многу време зборувавме за Скопје 2014-та, а сега за Прилеп 2014-та и Прилеп 2017-та. Искусната екипа на Ристески точно знае кога ветува да прави добра анализа и пресметува непогрешно. Кога се работеа проекти на владата во Прилеп, прв помогна да се завршат неговите обврски. Кога работеше проект што тој го изработува, ние бевме секогаш спремни да помогнеме и заеднички побрзо да го сработиме. Затоа се реализираа многу проекти, и ова е гаранцијата што времето ќе го мери пред Марјан Ристески, и по Ристески кој она што ќе вети, ќе исполни и затоа на 24 март, тој убедливо ќе победи. Зашто прилепчани нема да имаат многу за размислување. Го имаат Марјан Ристески – рече Груевски. 

Тој потсети на дел од проектите, катна гаража инвестиција од 5,5 милиони евра, над 60 километри нови улици, кружен тек со споменик “Карпалак”, над 40 детски игралишта, 50 километри обновена водоводна мрежа, арт плоштад итн.     

Loading