МНОГУ ДЕЛА ЗА УБАВ ГРАД

Марјан Ристески, кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

Програмата е резултат на плодната  и долгогодишната соработка за која сакам да им се заблагодарам на прилепчани, за конкретните предлози и сугестиите во насока на задоволување на барањата и  критиките кои водат на патот на успехот”.

Ова меѓу другото го рече Марјан Ристески, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ на промоцијата на изборната програма во преполната сала на ЦК “Марко Цепенков”.

Ристески вети конкретни проекти со утврдени датуми на реализација, проекти за развој, кои ќе придонесат креирање на подобри услови за живеење и создавање на клима за правилен раст и развој на сегашните и идните поколенија.

– Подобрување на локалната патна инфраструктура, подобри услови за привлекување на домашни и странски инвестиции, континуиран развој на културните случувања, креирање услови за настава во образовниот процес, урбанизација на градот и многу други работи се во мојот опсег. Повторно ја барам поддршката, затоа што знам, дека заедно со Вас и Владата, можеме да го направиме реалност, незамисливото овие 10 години. Претстои време за акцент на економскиот развиток, затоа што благодарение на технолошко – индустриската зона Алинци, Прилеп треба да стане економски лидер во регионот. Новите локации во индустриските зони Прилеп 2 и  3, како и веќе продадените парцели во зоната Прилеп 1, се доволен показател дека стопанствениците ги препознале перспективните за развој на градот – рече тој.

Ристески ја посочи изградбата на пречистителната станица за отпадни води со градба на канализационата мрежа, како важен проект на ЕУ и Владата и општината, вреден 20 милиони евра, изградбата на две нови училишта, реконструкција на градинките за зголемување на  капацитетите, проекти во патната инфраструктура, како и изградбата на фабриката за отпад за производство на електрична енергија и био-гас, со што Прилеп ќе стане еколошки лидер во регионов,  реконструкцијата на влезовите  од Скопје и Битола, како и реновирање на стадионот “Гоце Делчев”, за повторно да бидеме најфудбалскиот град. Тука се и шесте нови спортски сали, модерен аква парк, како и реконструкција на Марковите кули, симболот на градот, поставување на импозантен споменик на Марко Крале, а плоштадот “Александрија” ќе добие нови содржини –  мултинаменски објект со  планетариум и 3Д кино. По 20 години ќе добиеме нова кино сала во ЦК “Марко Цепенков”.

Ристески вети дека градот ќе биде најдобро инфраструктурно среден, а ќе се реши вечниот проблем со водоснабдувањето.

Една слика – илјада зборови ќе е Прилеп, зборови кои ги кажуваат и сограѓаните, нашите иселеници и добронамерниците.

Loading