ТУРЦИ ЌЕ ВЛОЖУВААТ ВО БОЛНИЦИ, МЕРМЕР…

Неколку десетици турски бизнисмени најавено е да дојдат во градов во мај или почетокот на јуни кога и практично сакаат да ги операционализираат искажаните намери за инвестирање во општинава. Посетата ќе биде возвратна како резултат на дводневното “роуд – шоу” кое го имаше мешовитата бизнис делегација, водена од градоначалникот Марјан Ристески. Бизнисмените од општината Бакиркој во Истамбул, изразиле подготвеност за вложувања во преработката на мермер, отворање на болници… По успешната презентација на прилепските потенцијали за инвестиции во трите индустриски зони, членките на бизнис асоцијацијата, меѓу кои имало со потекло и од Канатларци, најавиле бројни вложувања.

Срдечниот пречек на градоначалникот Јунол Ерзен, покрај организирањето на бројните бизнис средби, на прилепската делегација и овозможил и посета на турскиот архив каде постојат документи за Прилеп од 14 век а кои ќе бидат достапни за општинава.      

Loading