СО ЗАШТЕДИ ДО НОВИ СВЕТИЛКИ

Со осум илјади штедливи светилки Општината заштеди 200 илјади евра. Со заштедените пари, се реконструира осветлувањето и се освојуваат темни улици.

Според Дејан Стојчески од локалната самоуправа, за подобрување на уличното осветлување планирано е поставување контролни уреди за стартување на јавното осветлување надвор од трафостаниците на ЕВН и вградување на систем за интелигентно управување и контрола.

– Инсталирањето на уредите ќе се изведува етапно, според приоритети, со што брзо и ќе се отстрануваат дефектите. Годинава ќе се исчезне мракот од неколку десетици улици, а на дел ќе се подобри осветлувањето со нови канделабри и столбови. Сите светилки се штедливи со мала потрошувачка на струја и со симболична загуба на енергија – вели Стојчески.

За нови осветлувања, локалните власти издвоија од буџетот околу два милиони денари.

Loading