НАПРОЛЕТ МРТОВЦИТЕ В КАПЕЛА

Се мазнат ѕидовите и се изведува надворешното плато со бехатон плочки и хортикултурно се уредува капелата на Новите градски гробишта. Завршени се одводот и доводот, електричната инсталација и поставена е целосно ПВЦ дограмата. Се финализира внатрешната фина малтарија. После веднаш ќе се поплочува со гранит и ќе се опремуваат четирите посебни сали со можност за изведување на четири погребални церомонии истовремено. Комплетирањето и ставањето во функција се очекува на пролет.

Капелата ќе има 1400 м2 и ќе биде една од најопремените и најпространите во земјава. Градбата е според сите прописи и стандарди за објект од ваков карактер. Предвидени се неколку продажни простории за погребална опрема, цвеќарници и угостителски услуги.

Директорот  на ЈКП “Комуналец”, Златко Ристески,  вели  дека граѓаните констатирале потреба од ваква услуга. Често се обраќале со прашање, кога ќе се стави во функција капелата. Тој жали што лани не се завршил објектот. Објаснува дека приоритет ставиле на градбата на Царинскиот терминал.

Досега се вложени над 14 милиони денари, а вкупната вредност е 19.6 милиони денари.

Loading