СВЕТНАА ЏАМЛАЦИТЕ НА ОПШТИНАТА

            

Убавото треба и да се одржува. Стаклената зграда на локалната самоуправа неодамна беше исчистена домаќински. Светна новата општинска зграда од надворешната страна. Чистењето на прозорците на височина, на која на другите им застанува здивот, успешно го направија вработените од Агенцијата. Со корпата, ја отстранија прашината и дамките кои ги направил дождот, снегот и птиците. По прилепски, дворот односно фасадата е доказ за домаќинлак. Наспроти блескавата општинска зграда има прозорци на фасади кои, не виделе средство за миење прозорци, откако се изградени.  Височините се предизвик за мијачите на прозорци, кои стравот од алпинистичкиот потфат можеби можат да го надминат со песната од 80-те години на Тони Монтано, “Перач прозора”. Чистењето и одржувањето на фасадата не секогаш бара стручност, пред сé, храброст и алпинистички вештини, како и градежни машини. Најпрво потребна  е иницијативност и желба. Потоа сé ќе л’сне!

Loading