Монографија за манастирските библиотеки

Библиотеката ,, Борка Талески,,

,,Манастирските библиотеки во Прилеп и прилепско,, од библиотекарот Магда Василеска е новиот труд, што го објави Библиотеката,, Борка Талески,, во кој се разгледуваат најзначајните манастири во прилепскиот регион, во кои се вршела препишувачката дејност и во кои функционирале поголеми библиотеки. Авторот пишува дека манастирите Трескавец, Зрзе, Св. Никола во селото Слепче и Св. Никола во Мариово биле значајни духовни, културни, економски и политички центри во прилепскиот регион од средновековниот период до 19 век. Најголемата улога имал манастирот Трескавец, во кој имало и ќелијно училиште. Монографијата, според Александар Василески, е значаен сегмент во македонската книжевна традиција, во која се разјаснува значењето на манастирските центри и овозможува да се добие слика дека манастирите во тој период, освен како црковни центри, биле и центри на книжевна традиција во кои се чувала писменоста низ времињата. ,,Манастирските библиотеки..,, е прв труд посветен на библиотеките по манастирите објавен во Македонија.

Loading