Скутерот во Пласница

Авто контрол ја продолжува наградната игра              

Авто Контрол продолжува со наградната игра “Време за скутер” од 1.10.2024 до 28.2.2025 која во првиот дел се организираше за десетгодишнината од постоењето на компанијата. Може да учествуваат сите клиенти кои во времетраењето на наградната игра извршиле технички преглед при регистрација на возило и добиле два идентични наградни купона со единствен сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила. Едниот награден купон се остава во кутијата, поставена на видно место во просторијата за клиенти за време на траењето на наградната игра. Вториот се чуваа кај клиентот како доказ за учество во наградната игра. При извекувањето, вториот примерок треба да биде презентиран од страна на добитникот на наградата.

Извлекувањето на добитникот на наградата ќе  биде на 1.3.2025 година. Времето ќе биде дополнително објавено на хттпс://њњњ.фацебоок.цом/АвтоКонтролПрилеп

Инаку, на првиот ден од октомври со рацето на Бубо Каров – Цацко се извлекоа наградите од првиот дел од наградната игра “Време за скутер”.

-Добитник на скутерот Маргхерита 50 цц3: е Зеќирија Мустафоски сел;ото. Пласница

 Ваучери за промена на масло и филтри на патничко возило добиваат Веселин Шаркоски, Обршани, Горан Рујаноски и Тони Секулоски од Прилеп.

Добитници на ваучери за хемиско чистење на патничко возило се  Горан Јованоски, Дарко Николоски и РОМАН ДООЕЛ од Прилеп.

Смарт часовници добија Раде Димитриоски, Јове Стојаноски и Благоја Стојаноски од Прилеп.

Loading