Три меча дома

Фудбал: Победа

На Победа и беа од полза трите недели пауза во Втората лига, според резултатот во неделата (1:1) на гостувањето кај Беласица во Струмица, во 5. рунда. Стрелец на голот е бранителот Христијан Кукески. По овој меч на гости, распоредот носи три меча во серија на домашен терен, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”.  Во средата беше второлигашкиот меч од 4. рунда, Победа – ,Арсими (1:2). В сабота (14 ч.) е дуелот од 6. коло со Охрид, на истиот терен. Ова е можност за нови бодови. А и в среда (14 ч.) е интересен меч, од 16-финалето на Купот, Победа – Гостивар. Овде е битката за изненадување. Второлигаш против прволигаш.

Серија како порачана од “ гладната” прилепска публика.

Loading