Се прави проект за за Могилата

Завод и Музеј

Во Заводот и музеј оставрени се активности за Европските денови на културното наследство. Со полна пареа се работат проектите превидени за годината.      Според Мимоза Христоска, в.д директорот, во тек е конзерваторскиот проект за партерно уредување од заштитениот простор на споменикот Илинден, изработка на проект за санација, реставрација и конзервација на Могилата на непобедените и на конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Св. Благовештение. Се работат елаборати за валоризација на Спомен домот “Блаже Конески”, археолошкиот локалитет Павла Чука, Старо Бонче.

-За античкиот локалитет Стибера се прави реконструкција на административната зграда на централниот простор на градот кој служел како плоштадно место и пазариште  за што Министерството за култура оддели 500 илјади денари – вели Христоска.

За жал, од Стибера досега се откриени само неколку проценти од градот кој броел 20.000 жители во тоа време. Откриени се неколку јавни градби, гимназионот, собранието, плоштадот, храмот на богинката Тихе, а се останато е под земја затоа што градот се наоѓа во приватен посед.

Напоредно се осовременуваат постојаните поставки, меѓи кои се надополнува поставката на Музејот за тутун. Наскоро ќе биде презентирана нумизматичката збирка.

Со пензионирањето на стручниот кадар се чувствува недостиг од стручни лица.

Loading