– Слушајте деца, ќе бидам сосема искрен со вас, им рече. Вашиот творец сум јас. Ве направив од песокот во пустината, преку различни трансмутации. Ви дадов мозок и ви дувнав животен здив. На ваше барање се согласив да ви дадам можност да го овековечите вашиот сој, со тоа што соединувајќи се по двојки во едно суштество да можете да создавате нови членови млади и јаки во вашиот род. Сега, ништо да не кријам. Не ги знам одговорите на поставените прашањата.
Зборовите на Творецот беа дочекани со длабока препалена тишина на суштествата кои блескаа од златото, среброто, дијамантите, железото, челикот, бакарот, алуминиумот…, од сите матаријали од коио беа напрвени. По мало незадоволството на делегатите стануваше се очевидно дека еден од нив ја наруши тишината:
– Вие се забавувате со посети на планети и со создавање на живи суштества, а не ви се познати одговорите на битни прашања! Вашите креатури се несовршени, смртни, ранливи, и тогаш кога почнале донекаде да знаат како да живеат, веќе се престари за да можат да профитираат од тоа искуство или, пак, да го предадат на други за од него да имаат полза, бидејќи ќе умираат било со соединување по двојки, било, осамени, онака јалово?
Творецот виде дека суштествата почнаа да се закануваат и дека се спремаат да му удрат ќотек, што, без сомневање, ќе се сеќава на него многу долго време. За негов ксмет, едно од суштествата ги запре своите другари и рече:
– Добро, штом не ги знаете одговорите на прашањата што не измачуваат, кажете ни кој е вашиот создавач. Ќе го бараме да му ги поставиме овие прашања, бидејќи тој сигурно ќе знае да одговори.
Творецот се почувствува исплашен, оти веќе се зборува за создавачот на Творецот. Еве уште едно прашање на коешто тој не знае што да одговори. Може ли да си дозволи да им ја каже вистината на овие креатури кои се спремни да се нафрлат на него и добро да го изнатепаат? Се разбира дека не. Подобро е да измисли нешто, за да се извлече од оваа опасна положба.
– Ќе ви одговорам и така ќе можете да се упатите кон повисок од мене, кон мојот створител. Тој го знае одговорот на сé и лекот за било кој проблем. Дојдете утре овде во истово време. Во меѓувреме ќе се информирам преку моите канали за точното место каде ќе можете да го најдете мојот креатор.
Кога делегатите заминале, Творецот потона во длабоки размислувања. Неговиот створител? Го знае ли тој макар и најмалечкото делче од одговорот на тоа прашање, што толку многу го измачува откога почнал да создава светови на живи суштества насекаде? Ја знае ли барем првата буква од одговорот?
Доцна ноќта, додека планината ја вардеа креатурите, екипирани со ластегарки и со други инструменти решени да не го пуштат да оди без да се објаснување, Творецот ја дувна скришно по воздушен пат. За неколку секунди ја остави негостољубивата планета и се упрати по меѓупланетските и меѓумлечнопатските простори.
А, еве еден сончев систем што би му конвенирал. После вообичаената жетва на информации, се спушти на планетата, најде некоја пустина или некоја рамнина соодветна на она што сакаше да го прави, и веднаш почна со работа. Собра илјадници купчиња земја, им даде форма, предизвика трансмутации, им вдахна живот на творенијата што ги креира…
За момент, го заборави прашањето за сопствениот створител, но сигурно, некој или неколкумина еднаш, како што тоа му се случуваше секогаш во такви ситуации, ќе се натовари со задачата да му постави во даден момент извесен број непријатни прашања, приговори и, меѓу нив, големото прашање, прашањето за тоа кој е неговиот сопствен створител.
(продолжува)