ИН МЕМОРИАМ

На 90 години почина Кирил Атанасоски – Бикерес, голема фудбалска ѕвезда од Прилеп. За Победа на деснокрилната позиција играше меѓу 1949 и 1965 година во Републичката лига, Четвртата зона, Купот на Југославија, Втората југословенска лига… Тој е велемајсторот за слободни удари, корнери….  Во 1960 година со фаворитот Спартак од Суботица Победа победи 3:0, а тој беше стрелецот на третиот гол со “ножички”. По играчката кариера беше фудбалски тренер во младинската школа, а од неговата работа се многу фудбалери кои во седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите години од 20 век настапуваа за Победа.

Loading