ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (247) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Два четвртоци пред Велигден собрани повеќе перачки во реката под џукевата куќа, место позади Новачевци, Јолевци, Николовци, Колевци, Павлевци Ванчовци. Котлите наредени како војнички казани. Вода во изобилство погоре под црквата се метат реките од Горник и Орев. Сонце грее, времето топло, пролет е. Во сиот разговор помеѓу перачките Велејца Таса Колеска изустила име, поплачила на перачките да нивните кокошки не несат јајца како да се затнати во задницата. Нашите кокошки весело кркаат во камарите, се бркаат, вјават прескакулица со петлите во дворот и гумното кај сламите јајца несат, слабо ќе биди за Велигден за јајца.

Болештина ми е што дотогаш секое утро по едно парче биено сирење и по едно јајце му правев на детето мое Целе – Цветан. Сега му нудам само сирење пржено, го неќи без јајце, друго ништо не јади. Жените перачки отворија муабети, мож кокошките слабо хранети, или се штири петлите или исплашени, можи да му е ладно кај преноќеваат или пак да не му ги јадат јајцата некои кучиња скитници.

Велејца не знае во што е работата, лута дотука бидува се закани ќе ги фати кокошките и петлите со секирата на некој дрвен ќутук, ќе му ги поткини вратовите. Ова речна дискусија за кокошките Колески била преносена од перачките во своите домови. Тој разговор од перачките му дошол в уши на ловџијата Павлески Ванчо како сумлива работа како да неговите загари да имат јајцата јадено од Колеските кокошки.

Ванчо како Ванчо роден за расправии една вечер оди во дворот Колески додека со Таса Велејца се први братучеди по сојот Вешлакоски од Подмол. Ванчо отвора збор, наслушувам да ви снемува јајца од по камарите во гајдарниците како д абило можно да мојте загари да напаѓа по вашите камари и да ги јадат јајцата, не верувам моите загари се домаќински, тие не се јајчари, него се зајачари, јаребичари и лисичари. Не се гладни, ги храниме со кувана храна. Не се толку будали да шетат во ноќно време, да се лигават со пердуви, да му се закачуват меѓу забите.

Почнува ванчовото брецкање, подсмевање за вашите кокошки дека не ви несат јајца, има повеќе начини за тоа. Можно е вашите кокошки си постат, се откажале за љубов со петлите. Можно е  комшиските петли ги мават вашите кокошки, вие ги храните, а несат таму во случај со Веле да не ги скопите вашите петли да наклава повеќе месо за да ги колите за Велигден.

Ако сакате да проверите за со кокошките дека го намалиле несењето на јајца ќе го викните Аметиќишанецот од с. Канатларцо, Амет знај, Амет бај, ќе му понудите курбан еден петел за теќето, ќе ви куста и ќе ви кажи се. Јас мисла да е тој што ги зеде нашите овчите кожи, си отиде дома, Ванчо оста Колевци да си го решат проблемо со кокошките, како знат и можат.

Во саботата пред верскиот празник Цветници домаќинот Веле го спрема магарето за да оди на пазар во Прилеп. Неговата жена Таса на чикулецот од самарот му обесува една дрвена кошница како цркварска и му порачува кошницата да е наполни со јајца од пазариштето за да се најдат за денот Велигден.

Веле оди кај пазариштето каде се продават јајцата, е наполнува кошницата со јајца, и е носи кај Свеќароски Томе Колески Свети Јован по потекло од Штавица. Свеќарот Томе се зачудува и го прашува Веле, побратимје можи денес му е многу ниска продавната цена затова ти ги враќаш. Веле на Томе му е раскажа проблематиката со нивните кокошки да го намалиле несењето на јајца па по порачка од дома ги купив да се најдат за денот Велигден. Одговор од светијованот Томе, убаво си сторил.

Колевци за Свети Јован и во Штавица ги има Мишевци дали Томе Свеќарот беше од нивната лоза не е потврдено засега.

Веле Колески пазарџијата вечерта си иди од пазар со полна кошница јајца поред другите пазарени работи од Прилеп. Него го пречекува домаќинката, жената му Велејца Таса порасположена со насмевка на лицето и му веле, море домаќине нашиве кокошки утринава ги отворија задниците нанесија многу јајца, ги наполнија камарите. Колевци за Велигден беа со изобилство јајца.

Помислата е сигурно кокошките се исплашија од нејзината закана, домаќинката Таса дека вратовите на кокошките и петлите на дрвен ќутук со секирата ќе му ги пресекува вратовите. Цветан расто го достигна испод сто седумдесет сантиметри. Најверојатно не му беа доволни напори да кокошкините јајца ги достигни за да го достигни во висина братот Ванчо. Така велеја цветановите мајтапџии.

Во истото утро и денот во саботата пред верскиот празник Цветници, Мурџески Најденко Нацко оди со кошница в раце кај неговото трло, се брза, поминува покрај колеските гојдарници, не влегува во нив за да бара јајца, него оди во неговото трло да ги спакува маскираните јајца во сеното. Нацко од трлото јајцата ги спакува во кошницата, заминува над училиштето зад Павлевци по Клепачкото патче преку Велјанов кладенец, Превалец кај Данчулица го фаќа патот од Канатларци за на Ушите или обратно, оди во воденицата кај воденичарите му ги продав ајајцата на воденичарите Алексо Божин  и Јоце.

Со добијените пари за јајцата Нацко се враЌа во трлото во Марул, парите ги завиткува во едно шамиче и во неделата утрото на Цветници парите ги става пред влезната врата од црквата.

Притрупот на црквата Анѓелески Илија Кадијата роден Малинкоски од село Штавица дојден домазет за починатиот Најдо Стеваноски, ги навоѓа парите пред вратата пд црквата. Илија притрупот на првиот ден на Велигден парите ги пријавува пред верниците. Поради дарителот парите ги оставил без негови податоци, парите преку црквени одбор се внесени во црквената каса. Со времето се се дозн акој е вложувачот и зошто. Сите постари велеа во смеа, младоста е лудост. Во летото после вршидбата Нацко постана бостанџија во место Алдашица во канатларскиот атар по турски викано Токмајца. Нацко си иди дома во Марул за да си земи храна. Во тоа време со одсуството н анацко наминале некои непознати му е зеле зурлата на Нацко. Нацко рече, како што дојде и така си појде, изречено во смеја.        

Продолжува    

Loading