ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (259) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Домаќинот Божин, роден повеќе за смеа и циркузи него за работа. Ги гледа децата како прават цивпиле и вика Коледе, врие од смеа и вели, нека ги, нека играат, баба му Доста домаќинката ќе почисти. Ако бидам поселски полјак по некоја година ќе бидат воловарчиња преку летото крадачи на сливи и лубеници. Божин ова го вели во задушена смеа.

Јолески Божин тогаш проговори за на Коледе во 1919 година. Татко му Јоле за прв пат во неговиот живот за модерно греење со дрва кој дотогаш во турско се грееле во огништа кај стоката, власта турска не дозволувала на рајата да има печка, велеле вие сакате да се качите на царо на главата. Јоле татко ми најде една германска печка во колеската ограда. Насобра конзерви од воена храна.

На тоа Коледе за прв пат имаш селско Коледе после војната дојдоја коледари поред сите дојдоја бабјаците Петре, Аце и Ванѓел, дојдоја и галабарите Петер и Ристе сите ашлаци. Ристе Галабаро до колена намотан со разни крпи. Од колена нагоре жив гол, облечен во еден руски војнички шинел, ама улавштината не му лежи во шинело, него во срцето. Овие спомнати лица ќе прават цив пиле.

Ја турна печката, се распадна бориите присобрани од воени конзерви за храна, се распаднаа низ собата, која кај види, се наполна собата со чад, така заврши коледарско цивпиле кај нас, со модерната печка.

Божин се поврати уште поназад за времето од првата војна и рече, се испустиме од таа војна како нашето село, исто така и ние во нашата куќа. Стојан од стрико Каранфил заедно загина со Мурџески Боне и Најдо Кормак кај Вишеград на Дрина во 1915 година. Умре дедо Тоше и баба ми Тошејца, умре дедо Ѓорѓија, брат на дедо Тоше. Умреа стрико Каранфил и стрина Каранфилица, умре мајка ми Коприна и сестра ми Траенка. Мајка ми Коприна беше родена Москоска во с. Подмол. Погреб на умрените му правеја жени и некој стар дедо. Сите вредни мажи беа мобилизирани на фронто. Во 1916 година во Марул не се роди ниту едно дете. Народот повеќето умира од глад.

Во 1915 година есента дојдоја Бугарите, ние имаме гоено крмак за колење, дојдоја шест бугарски војници, двајца го забраја носејќи го под мишка наводно како србоман до Ореовската река кај црквата, како да се одклизнале татко ми се ослободил, а тие преку него фрлиле неколку истрели. Татко ми фатил по река нагоре, животот да го спаси, а тие кучкини синови се вратија сите заедно со ортома за нога го врза крмакот. Тие едни навртени со пушките према мајка ми, останатите го потера крмако, не го видоме повеќе, сигурно го пројадоја во нивната воена кујна. Татко ми ноќта се врати, далдиса од нервоза за крмако.

Имаше една бугарска војничка кујна во тремот Стеваноски, тие куварите некој си гагаузи по раса се што одеше поземи и леташе понебо убиваа и го јадеа вропе ластовици, пупунци, страчки, чавки и инт., немаш лив да летни над нашето село и така беше сé до 1925 година кога донесоја еден товар магарешки гугутки – гугучки од Прилеп.

Сиромаштија како сега да го гледам Галабаро Ристе облечен во тој шинело руски препашан со еден ремен војнички така нагло како преживеа тој си знај. Татко му Никола е на фронто. Мајка му Донка родена Чакмакоска од с.Мало Рувци умре. Крсте стрико му ранет на фронто пуштен на домашно лекување дома умре, ја остави жената Мара Степаноска од Лопатица, прилепско вдовица со детето Стојан сираче. Дедо му Јоше Здравески лопатичанец умре. Баба му Јошејца Петра родена марулчанка Маркоска умре, пустош рече Божин Тошески 1910 – 1972 година.

Времето одминуваше, делач на булината беше Атанасоски Алексо. Алексо со булината во ситото в раце се поткачи пред куќата на едно повисоко ѕидче и како што идеа во ред коледарите и така добиваа буле и заминуваа во наредната

куќа кај новиот јолески домаќин. Алексо и е зет по неговата жена Спасија и е внука на домаќинката БожиницаДоста од две први брачеди со мајка е на Спасија Сребра од брато Ѓорче и од сестра му Ката Јанкоски.

Со самото напуштање на Божиновата куќа Божин како Божин роден за смеа и им рече на коледарите во смеа, ало, ало сега ќе одите во вилата кај мал Тито нашиот нов домаќин. Благоја најстарото дете на Божин и Доста со оснивана фамилија жена Илинка од Јончевци од с. Боротино и ќеркичката Тодорка родена во 1954 година.

Благоја по природа беше модиста, напреден, си имаше обезбедено за негово задоволство чизми, мантил, шешир, кожни нараквици, саат и ловечка пушка. Поради неговиот карактер со тие работи татко му Божин го замислуваш конкурент на Тито со именката мал Тито. Пред три месеци Благоја фамилијарно се одсели од родителската заедница, се пресели во постарата осамена куќа како некоја вила за одмор, по тој изглед Божин е велеше вилата на мал Тито. Коледарите кај новиот домаќин Благоја пречекани домаќински со топол пијалок ракија и по желба и вино. Благоја им е отвори печката на децата за правење цив пиле да се квачеле повеќе пилиња. Самиот Благоја весел ораџија направи едно оро заедно со сопругата Илинка се донесоја и булина коледарски во ситото делач на коледарските булина беше Ванчо Бабјак, зет за прва брачеда на Благоја од две сестри деца.

Подарените коледарски булина кај Јолевци децата ги изедоја по пат за до Димитријовци поради децата децата гладни, булината свежи. Децата си гледаат во торбињата едни со други, торбињата му се празни на сите.

Кај Димитријовци дома се разви голема коледарска веселба поред цив пилето играње од страна на малите деца домаќинот Милан коледарите ги пречека со топла сливова ракија, свирачите е активира музиката. Нацко каза се родил на 8 ноември 1940 година, го оставиле во попаднатите јасикови лисје во реката, за стреќа наминала бабата Димитрица Петра родена Јанкулоска од с. Пдомол му го дале името Најденко и го крстиле така. Додека Нунката Димитрица се разболела, до крајот на годината умрела. Милан домаќинот дарбосан за ороводец поготово за Куцаното го изигра. Се слушна меѓу помалите деца да надвор чичко Живко Стеваноски дели булина, сите дечиња во натпревар низ вратата за булина како јагнињата од трлото надвор за во кордата.

Децата кој го зедоја коледарското буле од кај Димитријовци превоѓат преку река во Западно маало кај Николовци – Галабовци се навоѓат во големо изненадување. Николовци во дворот им рекоја од ланската нестреќа која се догоди на Василица не примат повеќе ни коледари ниту пак василичари, а ниту пак испраќат свои коледари и василичари шетачи по куќи.

Коледарите комплет млади и стари се вратија од кај Николовци одат кај Мите Мурџески. Коледарите кај Мите Мурџески не влегуват дома него се собират во дворот. На балконот се појави бабата Ристејца Стојанка Мурџеска родена Магароска во с. Штавица прва братучеда на татко е на мајка ми на Митре Писокалецо доселени од Кален во Штавица од брат и сестра рече да ова Коледе не сме спремни за да даваме коледарски булина. Поради сната ни се породи ноќеска машко дете. Митрејца сната е Милица Николоска од с. Ерековци.

Коледарите и вратија весел благослов на Стојанка и благослов за новородениот пурденко и замина за во наредната куќа кај Мурџески Степан. Коледарите кај Степан пречекани со топол напиток со ракија комова и благо вино шира. Музиката трешти тука се младите ораџи развеселени. Крштенико Јанкоски Трајче, Бошески Трајче, Колески Благоја, Танески Ќиро, Сребре, Мурџески Петре, Павлески Павле Ванчоски тати Бабјаците, Крсте, Митре, Томе и др. Додека малите коледарчиња занесени во цив пилето некој со стапчињата буричка во печката, некој во попаднатите жарје пред печката помешани сите со бодрење некој од постариот за погласно викање коледе за по две булина.   

Продолжува    

Loading