Фељтон: Томе Велјановски
Симоновски Веле од с. Ношпал, внук од брат на домаќинката Ќирејца Велика Колеска.
Сестра е и зет је на Ќирејца од с. Лознани од Ралевци на жалост нивните имиња заборавени.
Братот Лазо и сестра му Љуба Чучуроски од Прилеп. Со една мала пауза се слушна кларинето од Нацко и тапано од Петре Мурџески. Куќата се развесели. Првото оро го поведе куќната девојка осумнаесетгодишната Дуна, ситно оро Марица, се разви. Се разви вистинска веселба, нафатени на оро сите младинци. Стана домаќинот Ќире од гостинската трпеза и со педесет динари орото го плати. Младите ороводци Бошески Трајче, домаќинот Бале, тати Јанкоски Трајче и Атанас Мурџески Петре. Тоа истото важи и за младите деца, штотуку ќе ги фати мрво, пубертето, ги отфрлаат дечките мисли и играчки, почнува да се мешаат во народот со косите во разни фигуре начешлани, некое нагоре на патец буфанте без пуштена долга коса. Таквите млади ергенчиња полетарчиња – пубертетчиња.
Стана сестра му Љуба на домаќинот Ќире и даде една голема пофалба за организирањето на оваа вечерна куќна прослава од страна на младите од селото Марул со помош на домаќините кој е имат куќната слава. Без разлика на род и пород за весела вечер во чест на ќуќната слава. Таа рече, оваа вечерна прослава што е видов кај брат ми Ќире голема веселба при прославата за светиниколовата вечерна прослава со музика, песни и ора на доброволен начин од страна на домаќините и младината ви посакувам и понатамошен настап и успех, рече Љуба Чучуроска, прилепчанка, весела личност.
Откако се изигра повеќе ора и испеа исто така повеќе песни кај Ќиревци, свирачите и нивното друштво со весело задоволство е напуштија Ќиревата куќа и комплетно весело влегоја во комшивската куќа кај Колески Веле.
Колеската новата куќа е соградена летово во 1958 година. Првите гости во новата куќа Колевци ги пречека за денот Св. Богородица истава година. Вечерва за денот Св. Никола зимен по ред втори гости чекани во новата куќа. Сигурно 90 отсто вечерва ќе влезат во новата куќа. Куќата е со визба и на дивит. Секојдневната соба е пополната со земја црвеница од местото црвениците над училиштето. Куќата е изградена на местото од кулата на бегот Емин од Битола. Дотогашната куќа за живеење му беше приземната куќа и кулата од бегот Емин.
На свирачите и нивното друштво од страна на домаќините место имаше обезбедено на гостинските трпези. Пред секого поставено прибор, сервис за самопослужување за пијалок и мезалок. Гости кај Велевци ги имаше домашни марулски и странски, следните:
Ќерката на Мојсојца Илина, сестра му на Веле Илина фамилијарно со мажот је Димитрија Јованоски со шесте деца.
Дојчиноски Благоја Јолески врсник и другарче на Ванчо од детинство.
Митрески Мите Мурџески, нунко на Велевета ќерка Најденка.
Павлески Ванчо ловџијата, први брачеди со Таса Велејца од сестра и брат Бешлакоски од Подмол.
Павлески Тарјан Колески, комшија.
Ристески Петре Јанкоски Колески, крштеник.
Ќерка му на Веле Најденка со момчето Вешерески Мише од с. Ношпал.
Најдоски Цветан Бешлак од с. Подмол, брат на домаќинката Велејца Таса со целата негова фамилија.
Жената му Петкана Мурџеска, синот Благоја, невестата Богојојца Сава од с. Клепач, золвата Стојанка.
Кржески Николе од с. Подмол, први барчеди со Веле од две сестри.
Чакмакоски Василе и Сотир – Сотка, први брачеди со Веле од сестра и брат.
Трајан Конзуло од с. Штавица, татко на Ванчојца цена. Домаќините вредни, поготово Ванчо, почит кон сите и сé што треба на трпезите. Свирачите после еден мал одмор започна со свирењето, се започна со весели ора и песни предводени од играорецо Бошески Трајче, до него Ќиро, Сребре Танески, Тајче Јанкоски, Павле Павлески Ванчоски, Петре Мурџески, Китан Василоски, Атанас Јанкоски, Цветан Колески, Коста Мурџески, Симон Чонески, Благоја Дамјаноски, Методија и Спасе Танески, тоти полетарчињата Ванѓел и Ванчо Јанксоки, Данчо Курела, Драган Ризоски Бошески. Дојдоја Ќиревите деца Благоја, Дуна, тоти Алтана Мурџеска.
Собната петролејска ламба и овде им намигнува обесена на ѕидот. Веселбата е на високо ниво. Весело, превесело.
Стана Павлески Ванчо ловџијата секогаш без влакна на јазикот, изусти, те моља ваква веселба можи да се види на градски Велигден, Голем Петок, на ат Пазар во Прилеп и овде во Марул. Ванчо го замоле Колески Стојко некогашен гајдаџија да е испее песната Петкана бела, црвена, гола низ баџа побегна. Стојко песната е пееше додека свирачите го пратеја.
Се играше и пееше подолго време. Дојде време за вечерање, домаќинот Ванчо рече, овде нема кој да излези невечеран, имате голема заслуга за вечернава веселба што е направите. Има место и вечера со сите. Од Ванчовате молба сите присутни гости вечера кај Колевци Велевци.
После вежеррата поново продолжи веселбата кај Велевци со неколку ора и песни заврши таа Светиниколска веселба, вежер кај Колевци Велевци некаде во 24 часот. Овој настан за трите религиозни вечерни прослави за Св. Аранѓел, Варвара и Св. Никола зимен подолго време кај марулчани во разговор беше споменуван.
Старата баба Мојсојца Неда Колеска родена Никоска во с. Лопатица, прилепско која седеше на женската трпеза и често пати се загледуваШе весело со насмев на лицето во таборот на ороводците и песнаџите со подсмев за светиниколовата вечерна веселба во нивната куќа. Не дочека друга весела светиниколова вечера во нивната куќа.
Веселите вечери на религиозните празници Св. Аранѓел, Варвара и Св. Никола зимен, завршија. Младите марулци си е продолжија средбата секоја вечер на средселото кај коледарскиот оган со музика, ора и песни кога времето беше убаво и мирно. Дојде денот за новата година. Постарите е викат католичка Нова година. Вечерта пред Нов агодина народот, па и младината беа собрани во училиштето каде новиот учител Секулоски Бранко од с. Алинци, прилепско имаше припремано школска програма за читање на песни односно стихотворби од страна на повеќе ученици. Новогодишните подароци се пакетчиња со бонбони, се гледаше голема радост меѓу учениците. Подароцте ги делеше служителот Новачески Јован. Се читаше до крајот на 24 сатот за да биди означена новата година 1959та.
Додека не сме започнати со пишување за годината 1959 ќе дополниме за од минатите години за во 1955та година. Со победата на бикот Шарко Мурџески Нацков против биковите од Демка Пупуто од с. Канатларци за него беше тежок пораз набргу ги продаде, не ги појави на боралиштето за натпревар за нивниот верски празник Рамазан каде се одржуваше натпревар од разни видови во натпревари на чајрот помеѓу Канатларци и Ерековци, растојанието е еден километер меѓу селото.
Продолжува