Во новиот парламентарен состав, Прилеп ќе има четворица пратеници. Тројца од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и еден од коалицијата на СДСМ. Иако уште официјално не се завршени изборите, според првичните резултати од колицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ идни пратеници од Прилеп се Дејан Проданоски, Петар Ристески и Билјана Кузманоска. Од СДСМ е Миле Талески.
За новиот парламент, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ освоиле 21.819 гласа, СДСМ само 8.455. Левица освои 3600 гласови, а за ЗНАМ гласале 2268.
Со вкупниот број на гласови во И.Е. 4, ВМРО-ДПМНЕ има 13 пратенички места, СДСМ 5 пратеници, ЛЕВИЦА и ЗНАМ по 1 пратеничко место.
Резултати:
1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ Носител: Венко Филипче 8.455 – 22,11%
2. Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” ВМРО- ДПМНЕ Носител: Александар Николоски 21.819 – 57,07%
3. Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ Носител: Ружица Николова 132 – 0,35%
4. Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ Носител: Енвер Хусејин 76 – 0,20%
5. Политичка Партија ЛЕВИЦА Носител: Сашко Јанчев 3.600 – 9,42%
6. КОАЛИЦИЈА ВЛЕН Носител: Мендурим Зекмановски 20 – 0,05%
7. Движење ЗНАМ – За Наша Македонија Носител: Миле Цеков 2.268 – 5,93%
8. ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Носител: Јанко Бачев 144 – 0,38%
9. Политичка партија НОВА АЛТЕРНАТИВА Скопје Носител: Ана Цамбулева 38 – 0,10%
10. Политичка партија АВАЈА Носител: Ќемал Сулејманов 43 – 0,11%
12. Македонска Ера Трета – Суверенисти Носител: Владимир Ѓорѓиоски 115 – 0,30%
13. ТВОЈА ПАРТИЈА Носител: Ристо Ставров 46 – 0,12%
14. РОДИНА МАКЕДОНИЈА Носител: Илија Јанковски 48 – 0,13%
15. Политичка партија ДЕСНА Носител: Ѓошо Бојаџиев 33 – 0,09%
16. Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје Носител: Габриела Тодороска 52 – 0,14%
Извор: ДИК