ДЕЛА ОД ДРЕН 2023 В ГАЛЕРИЈА

Изложба на дела од ликовната колонија Дрен 2023 која имаше меѓународен карактер, а што се одржа годинава во јули, по 15 пат, отворена е во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Преку 30 дела од различни материјали, дрво, метал, мермер, природни материјали предизвикуваат празник на очите и духовна наслада на љубителите на уметноста.

– Од многубројното и разнообразно творештво создадено од сликари и скулптори, може да се препознае и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам – вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

Творби остануваат трајно наследство за Центарот и државата.

Loading