ЛОТАРИЈА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Според кажувањата на нашиот возрасен сограѓанин Ѓорѓи Башески, на  фотографијата е јавното извлекување на броевите на учесниците на наградите на Државната лотарија на Југославија пред шеесетина години. Првпат во Прилеп, на неколку барабани, поставени на влезните скали од поштата, јавно пред стотици прилепчани се барала среќата и својот број.

Плоштадот бил место за собири. И во минатото често се користел за разни манифестации, митинзи, прославиви за празници. Просторот бил секогаш чист, послан со камен со правоаголна форма. 

Според Башески, место порано било познато под името Атпазар, бидејки се продавал добиток од богатата голема прилепска околија. Луѓето и подоцна го викале атпазар. Плоштадот од чаршијата го делела Дабничката река со отворено корито, а врска било железното мовче кое водело кон пазарчето каде прилепските бавчанџии имале тезги и се изегувало кај хотелите Балкан и Југославија. Важно било и дрвеното мовче кај участакот, оти во близина била автобуската станица.

Во заднината се забележува оградата од офицерскиот клуб.

Loading