ЛИДЕРОТ Е ВО “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ”

Кошарка

Интересен меч од 7. рунда на Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет – МКК Куманово. Се игра в сабота (19 ч.) во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Се очекува преполна трибина, со оглед на гостувањето на лидеот на табелата МКК Куманово, кој има само победи есенва. Во претходното коло Мега баскет загуби со 69:63 од Борец во Велес, па еве нова шанса за поправање на впечатокот.

Табела: МКК Куманово 12, Шкупи и Маџари 11, Ангели 10, Соколи, МЗТ Уни, Борец и Партизан Водно 9, Мега баскет 8, Тетекс и Работнички 7, Куманово 2009 – 6.

Loading