СЕИШИН СО 27 МЕДАЛИ

Џудо

Меѓународниот џудо-турнир “Прилеп град херој – Цевитана куп” го имаше своето најблескаво издание. Пред полната трибина од салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” борби имаа 300 џудисти во пионерска и кадетска категорија, претставници на 31 клуб од 7 држави (Македонија, Црна Гора, Србија, Грција, Б и Х, Албанија и Косово).  Севкупен победник, со 27 медали е клубот домаќин Сеишин.

Најуспешни клубови по возрасни категории: Црногорац (Цетиње, Црна Гора) за помлади пионери, Сеишин за помлади пионерки, Алексинац (Србија) за пионери и кадети, Миоки (Скопје) за пионерки и Ипон (Пирот, Србија) за кадетки.

Loading