ПРОМОВИРАНА ЛИТЕРАТУРА ЗА ТУТУНОТ

Пред прилепската јавност беше промовирана книгата “Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “ од авторите д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска.

Стручната литература, значајна за тутунопроизводството, прва од ваков вид во земјава ќе биде корисна литература за постдипломските и докторските студии на универзитетите. Промотори беа проф. д-р Златко Арсов и проф. д-р Ромина Кабранова од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Во книгата која е резултат на долгогодишната работа на двајцата автори во областа на генетиката и селекцијата на тутун и тутунопроизводството во земјава, на 154 страници, со 57 фотографии, 11 табели и 6 табеларни прилози, пишуваат за значењето на сортата како производен фактор, за перспективите на ориенталниот тип на тутун, за застапеноста на сортната структура во македонското примарно производство на тутун…

Loading