КОНЦЕРТ НА ЕТНО ГРУПАТА ЉУБОЈНА

Вечерва од 20 ч. во ЦК “Марко Цепенков” концерт ќе одржи Љубојна,  македонската музичка група препознатлива по етно-музика, која повеќе од 20 години ја истражува македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе перформанси, музика за филмови. Групата настапува со разновидни мултимедијални претстави и концерти во светот. Има потпис на девет албуми, меѓу кои  “Песна за мојата песна”, создаден според поемата на Петре М. Андреевски… Љубојна снима со голем лимен дувачки оркестар и претставува оживување на беломорската музика од егејскиот дел на Македонија…

Имала бројни концерти низ Македонија и во странство.

Loading