БИМБИЛОТ ЛЕЖЕЛ НА ЈАЈЦА

На мајтапчиското катче ги нема стриковци Рампо и Цане. Акнати се на по ракија – две.

– Ги полнат “акумулаторите” да има со што да се драпаат – се жалаат еден на друг двајца пензионери.

– Без нив, ко бездуша сме. Грдо! И денов не врви?

– Чути, ние за волците, а тие евеј на врата.

– Кај сте мајката. Не остајфте сираце, ко без ѕиври сме! Без драпачки ко без душа сме…

– Ви изгоре таквото за нас. Ко поучени и покурнази, ко Итар Пејо, бевме еден кај наш другар. Му се снеарнило.

 – Ај Цане, отпетла ја. Гледаш купчево стана митинг.

 – Не ме оставаш да го стокмам мајтапот. Демек, нашио другар од ко снеможил, ја пратил жената кај доктуро. И рекол: Че му кажиш со кротко шо ме боли, а тој да препиши лекој, за побрго да оздравам…

– И, шо напрајла жена му? – прашаа сеирџите.

– Доктор и рекол: ,,Невесто, овде има напишано лек да не кашла, да не му се дуја стомакот, да не го боли глата, да не му тропа срцето, порајат да се олеснува и лек да му пеј бимбилот”…

Жената му кажала што порачал докторо.

– Шо рекол тој, баго?

– Ништо, ама по некој ден пак ја пратил кај докторо и í рекол дека лекот за бимбилот не му помогнал.

– Е, оти?

– Бимбилот не пејл, само лежел на јајца…!

Loading