ДВЕ НЕДЕЛИ ПОДГОТОВКА ЗА БЕЛАСИЦА

Фудбал

Пауза е во првенството од Втората фудбалска лигадо 16 септември, кога се игра 5. рунда. Тогаш е традиционалното дерби во Струмица, Беласица – Победа. Можност за подготовка, за поправање, дотерување на формата, отсранување на слабата страна. Претходно Беласица изненади со триумфот од 3:0 над Башкими во Куманово, а Победа дома со 1:0 (стрелец Филип Стомнароски) зеде три бода против Осогово, иако одигра во финишот без исклучените Стефан Спиркоски и Христијан Кукески.

Табела: Беса и Кожуф 12, Пелистер и Детонит 10, Башкими 9, Победа 7,  Беласица и Новаци 6, Охрид и Скопје 4, Арсими, Вардар (Н), Караорман и Тетекс 3, Саса 1, Осогово 0.

Loading