ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (207) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Кај Бабјаковци имаше два смртни случаеви кои нема навршено година дена од нивната умирачка Петрески Велјан Бабјак во 1929 година по природен пат го изгубил видот во есента 1957 година, почина 28 години по изгубување на видот, додека бил жив оставил аманет со клетва до неговите потомства ни ден да не го жалат после неговата умирачка, веќе со умирачката ќе се преродел, по неговиот аманет Бабјаковци направија свадба, го оженија внукот Крсте, син на Петре. Исто така, на Велјановиот син Ванче во истата есен 1957 година му умре дете девојче Летка помладо од една година и со Крстевата свадба жалањето кај Бабјаковци исчезна.

За на Коледе денот поред взрасните коледари ги имаше и повеќе омладинци под дваесет години кои беа присутни во секојдневните ора. Тогашни омладинци беа Јнакоски Трајче и Атанас Мурџески, Петре Најденко и Петре, Павлески Павле и Борис. Китан Василоски, Петре Јованоски, Ќиро Сребре и Методија Танески, Љубе Јолески. Овие младинци во тоа време беа поактивни во Марул. Денот Коледе во два саатот после пладне кај Јанксоки Крсте со голема веселба. Од кај Крсте коледарите се разотидоја дома за припрема на вечерниот божикен бадник. Како и секогаш вечерни од Божик народот со време е прибран дома. Се вечера домаќините што спремиле, после вечерата се дели бадниковиот дел како награда и традиција за годишниот даден труд во работен за сите во домаќинството. Претежно е делач првиот домаќин во куќата наречен напреџија или пазарџија во куќата.

Наредниот ден на првиот ден Божик утрото одредени луѓе ода со полна кошница со разни работи в црква и кај гробиштата се палат свеќи, потоа раздаваат задушница за упокоените во трпезаријата со топла ракија загреано во земјено крондирче на жарот во тремот од црквата кој го припремил притрупот од црквата. Во чест на празнико Божик притрупот е тропнува три пати камбаната со гласот дан – дан – даан.

После сите религиозни адети направени во црквата верниците си разодува за дома. Присутните верници од машкиот пол се враќа повесели по това се има шмркнато топла ракија. Некој добива ракија со задушница, некој друштвено се чест воглавно дома се враќаат поразвесели. Додека најмладите децата и тие има свој интерес со костен ја играат играта чифт чимиток. Од таа игра некој прават печалба со костење, некој прават губиток. Играта е таква, час печалник, час губитник. Народот си разотидува дома. Во црквата останува притрупо за да ги среди работите во црквените простории како што било средено пред тоа. Притрупот во марулската работи неплатено на доброволна база. Кога црквата се осветила на денот Мала Богородица стар стил 8 септември 1859 или по нова дата 21 септември 1859 година тогашните домаќини освоиле предлог односно закана за да економски зајача црквата притруп се пријавува доброволно без наплата. Тој тогаш е усвоен предлог, важи и ден денес, не е променет во марулската црква. Штотуку верниците не се вратат дома со зелени гранчиња за благослов да дадат машки дечиња и девојчиња, полно трло јагниња, телиња, прасиња, ждребиња, прлиња, булуци пилиња итн. се што му е потребно на домаќино, како и голем дар во полето, здравје на сите во куќата.

Софрата веќе е поставена од вечерта јадењето е приготвено иако денот среда или петок тогаш тие денови се погазуваат, се мрсат. Јадењето ќе биди посекако од перјова живина кокошка, гуска, мисирка или пајка. Благослов на стоката и носи лице од женски пол.

После доручекот се дава домашен распоред во куќата за дневна работа, овчар, козар, говедар итн. Слободните луѓе во куќата сигурно младите ќе одат на средселото за средба со останатите селски присутни на средселото за на ора или како сеирџии. Првиот ден на Божик не се јади свинско месо, поготово пивтија и покуќи поготово од машки пол. 

Родино

Родино моја, ти земја мила

најмила земјо на овој свет

во тебе растам развивам крила

ко крилест орел во вишен лет

На школо учам букви да пишам

името твое да го напишам

азбука родо ти ни подари

половина Европа ти благодари

Апостол Павле за христовите дела

посетил твои градови и села

во Филипи градот Лидија смела

ја покрстил прва во Христовата вера

Си газена родо од разни сили

оставиле тие потомства гнили

се борат сега името твое да ти го снема

Европа цела пред нив е глува и нема

Името твое вечно ќе стое

додека сонцето сите не грее

Илинден денот свечено се слави

името твое тој го брани

Продолжува

Loading