Фељтон: Томе Велјановски
Со една мала пауза од страна на свирачите се започна со свирење на музиката, како прво оро го поведе Колески Благоја, дојде за веселбата со покана од неговиот верен другар и врсник, домаќин Бошески Трајче, до Благоја нафатени Танески Ќиро и Сребре, внуци од браќа на Мара Колејца, до нив Јанкоски Трајче, Павлески Павле Ванчоски, Мурџески Петре, Василоски Китан, Јанкоски Атанас, Орданоски Методија, Коста, Симон, Спасе, Благоја, Драган, Ванчо, Ванѓел, дел од ќерките и зетовите Бошески. На таа голема веселба Коле домаќинот испеа две стари песни. 1. Андон иди од чаршија в раце носи ал шамија, во шамија леблебија. 2. Зедов момче аро, старо грбаво. Времето одминуваше, се прекина со веселбата, свирачите и нивното вечерно друштво ја напуштија Бошеската куќа со песна влегоја кај домаќинот Ќире Колески.
Едно објаснување
Ризоски Борис Ценоски Бошески се со исто презиме, но немаат никаква меѓу себе родбинска крвна врска.
Ризоски Борис Бошески Ценоски протуѓерот е роден Дојчиноски во с. Бонче. Борис доваѓа како ерген домазет за Бошеска Маркова Цветанка во 1933 година.
Ризоски Коле Бошески е дојден домазет, вдовец од с. Големо Коњари со две деца во 1927 година кај вдовицата Бошеска или Колеска Богојојца Мара родена Танеска од с. Марул на која момчето Богоја при орање со ѕевгаро волови е убиен од громот во местото Бело камче, една недела пред Спасовден во 1926 година.
Домаќините Ќире и синот Благоја чесни гости пречекаа од срце. Место обезбедија за сите поштено ги почестија со мезалок и пијалок. Собата полна гости. Павлески Павле Ванчоски, Танески Ќиро и Сребре Ристески, Василоски Китан, тоти помладите како Методија, Коста, Симон, Спасе, Благоја, Цветан, Томе нафатени на орото и песните се одвиваше голема веселба. Петролејската ламба обесена на ѕидот како да понамигнува од тресокот на тапанот. Момата Дуна не е само за оро и песни, него природен нејзин нарав за однос со секого. Аматерска фризерка за женски и машки пол. Кројач и шивач за поправка за неугодни алишта на девојките према нивната потреба. Сето сработено аматерски, педантно. Нема да ги заборавиме уште неколку млади петлина полетарчиња како Бошески Драган Ризоски, Јанкоски Ванчо, Јанкоски Ванѓел и Ѓорѓијоски Данчо Курела.
Секогаш постарата генерација помладата генерација од нив ја вика со подсмев, петлина полетарчиња. Кога ќе пораснат пилињата од исто квачило машките пилиња ќе се обележат по нивната форма и кикиришката. Со времето на растот сакаат да ја покажат својата машкост односно пубертетот почнуваат со нивното пеење.
Штотуку ќе се стреми за да запее ќе го испружи вратот, ќе пушти глас и од неговата нестабилност за да го задржи правилно телото мирно ќе се позаниша и ќе падни назад на задникот, ќе стани и ја поновува истата песна со кикиригу, поново ќе се заниша и поново ќе падни на задникот. Се така ќе прави додека не се оспособи за да стани нормален петел со убав глас на пеење. Таквите пилиња се полетарчиња.
Печката загреана, милина од топлина во гостинската соба. Поред новите гости Ќиревци има и други гости некои домашни од Марул, исто така имаше и странски гости.
Котески Петре – Пере и брат му Ќиро, нивната мајка Јана е Колеска родена и Колеска деленица. Петрески Димитрија Бабјак со сопругата Драгица, внук од ќерка на Јана Колеска – Котеска. Комшиите Мурџески браќата Цветан и Јован најверојатно сака да ги слушат со музиката своите деца Најденко – Нацко и Петре Мурџески Атанасоски и Танески Јован и Алексо поради мајка е на Јованица викана Ѕвезда била од Грујовци од с. Ношпал некоја си роднина. Со Симоновци од каде е Ќирејца Велика Колеска.
Продолжува