ПРВО МЛАДИНЦИТЕ, ПА СЕНИОРИТЕ

Кошарка

Крајот на летото и почетокот од есента се за почеток и на кошаркарските првенства. Клубот Мега баскет пријави две екипи во системот на КФМ, младинската до 16 години и сениорската. Според календарот, прво настапува младинската екипа. Од недела почнува квалификации за Првата А-лига на Македонија, во групата 5, каде што ривали се Универзитет Тетово, Охрид и МЗТ Скопје. В недела е дуелот дома (сала на ОУ “Добре Јованоски”) со Универзитет Тетово. Сениорскиот тим тренира в сала, подготвувајќи се за Втората лига која почнува на 6 октомври.

Претходно, во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски” беше баскет-турнирот “КГЈ 3х3”.

Loading