ПРИЛЕП НА ТЕСТ ВО КАВАДАРЦИ

Ракомет

Претстои третиот пријателски меч на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Викендов во Кавадарци е дуелот со домашниот суперлигаш Тиквеш. Тренерот Божидар Мојсов го уигрува тимот во кој се шесте нови: голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), десните крила Лео Инадзе (Грузија) и Пеце Рајатовски (Голден арт), средниот бек Драган Јелушиќ (Црна Гора), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш) и левиот бек Никола Цветаноски (Струга). Во средата беше вториот тест, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 (23:30). Во првиот во Лесковац, со домашната Дубочица, член на Супер лигата на Србија. Првото полувреме беше одлично, рамноправно, ако се земе предвид резултатот (21:20 за домашните), но второто е многу различно, со голем пад на гостинскиот состав. Оттука и конечниот резултат 39:28 за Дубочица. Најефикасен кај Прилеп е Никола Цветаноски со 9 гола.

Супер лигата стартува на 9 септември.

Loading