„ДЕКАМЕРОН“ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Ансамблот на театарот, со претставата “Декамерон” во режија на Мартин Кочовски в понеделник настапува на Охридското лето. На сцената од Долни Сарај, ќе се следи претставата полна со живот, која стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од “сега и тука”, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Игра речиси целиот ансамбал. Драматизацијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата на Филип Јовановски, а костимографијата на Јулијана Војкова-Најман.

“Декамерон” премиерно беше изведена лани со извонредна оценка.     

Loading