Центар за култура “Марко Цепенков”
Вечерва од 19.30 ч. во големата сала од ЦК “Марко Цепенков” повторно ќе се прикаже филмот “Јорговани”. Заради големиот интерес поставена е трета проекција. Влезниците можат да се земат на билетарницата од 10 – 12 ч. и еден час пред проекцијата.
Српската драма-комедија, преведена на македонски, говори за хаотичниот свет на балканската филмска индустрија, каде се судираат его со его. Актерите Катарина и Игор се заплеткани во мрежа од сомнителни врски и нестабилни личности.
Играат Иван Босиљчиќ, Слобода Мичаловиќ, Јана Бјелица, Павле Чемерикиќ, а режисер е Синиша Цветиќ.