ЕДНО АВ, АВ, ПО АВА!

Ја нема веќе Ава, кучката “американски стафорд”, која се прочу со 13 родени кученца одеднаш. Умре само два месеца по породувањето. Умрени се уште седум малечки од нејзината челад. Сопственикот, Живко Цветкоски, потресен, забележал утрото повраќање. Прво малечките, а потоа и мајката. Помислиле дека е од болест. Не се посомневале дека може да биде отруена.

– Ветеринарите се чудат. Вакцинирана е, двегодишна, окучена… Не може да е болест. Отруена е. Пена од устата и зеленило повраќаше. Три дена и наутро и навечер траеше борбата за спас, со системи, инјекции. Се дадоа многу пари, барем да имаше чаре. Преживеа само едно од малечките, кое беше во најтешка состојба – тажно раскажува семејството Цветкоски.

На преживеаното кученце му е дадено име Амос.

Loading