НИКОЛОСКИ НАДВИСИ ДВАЈЦА ГРЦИ

Шах: Меѓународен турнир “Шах-шех и соседите”

Прилепскиот шах е во подем и се враќа кон височините од пред децении. Речиси каде и да се појават  прилепските шахисти од сите возрасти, освојуваат значајни места, често и медали. И во Битола, на Меѓународниот брзопотезен турнир “Шах-шех и соседите” со 58 учесници од Македонија, Грција и Србија.

По одиграни 9 кола победник е Кире Николоски со 7,5 поени. Првин постигна серија од шест победи, а потоа тактизираше со три ремија – со сограѓаните Дејан Ѓорѓиески и Симон Пазевски, како и со Гркот Лазарос Гимнопулос. Николоски со 7,5 поени е прв, над Грците Ахилеас Спирлиадис и Лазарос Гимнопулос со по 7, Меѓу првите десетмина има дури четири прилепчани: првиот Кире Николоски со 7,5, четвртиот Симон Пазевски со 6,5 поени, седмиот Дејан Ѓорѓиески и десеттиот Марјан Дамчески со по 6.

Николоски заработи нови 26,8 поени кои се додаваат на интернационалниот рејтинг од 2074.

Loading