ГОЛЕМОТО СРЦЕ НА МАРУЛЕЦОТ

Томе Велјановски од Шведска во донаторска мисија

Нашинецот кој живее во Гетеборг, Шведска, а влече корени од Марул, повторно е во донаторска мисија. Томе Велјановски подарува патерици на оние на кои им се потребни. Можеби, во целата добротворна акција ќе немаше ништо чудно и посебно, доколку помагалата за изнемоштените и лицата со посебни потреби, пристигнуваа од скандинавската земја и “минуваат” илјадници километри. Томе не жали ниту за финансискиот трошок за транспортот од околу сто евра, само да им помогне на луѓето. Помагалата се дел од неговиот ангажман во асоцијацијата во Гетебор. Сака да ги искористат и луѓето во Прилеп и Македонија. Во Прилеп пристигна по пошта  во пакет со седум чифта патерици. Има уште 6 пакети и секој месец ќе праќа по еден на родната грутка, кај неговиот брат Цветко. Порано, донираше и машина за пеглање в болница.

Големото хумано срце на Велјановски е познато меѓу марулчани и како голем помагател на црквата. Ги обновува и реновира и вечните почивалишта на неговите претци, роднини…

Loading