ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (198) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

При повикот и потерата по волкот се приклучи со викање и педест деветгодишниот овчар кој се најде во близината Јанкоски Петре аџаба. По смирувањето на ситуацијата со волкот и Петре ја отпеа песната мислењето на волкот према малите деца овчарчиња да едно дете е ѓавол дете, две деца или ќе заиграат или не. Додека три деца купче на волко едно јагне в-у-п-е.

Вечерта ги отеравме овците дома, една црна овца рагуша со јагне ја нема од Богдановци Атанас прв ден ги запасе Богданоските овци во таа прилика уште не здушени во тој калабалаковци и јагниња се оделило од целокупниот булук која и каде не знаеме.

Наредниот ден трите овчарчиња од настанот од претходниот ден во Орев овците ги пуштија за пасење разделени по сопствени булуци нагоре по Градиште, Долни кател и на источната страна од каменот беше најдено местото каде волкот го изел јагнето земено од садината во Орев имаше оставено сосема малце волничка во тутки. Во местото Горна и Долна Браненица беа пронајдени остатоци од богданоската овца и нејзиното јагне.

Овцата и јагнето лесно ги пронајдоме благодарение на орлите лешинари кои веќе летаа над удавените овцата и јагнето. Од овцата имаше уште недојадено месо истурено во стомакот, ги изедил џигерите и срцето додека од јагнето имаше сосема мали парчиња од кожата. Кога им кажаме на Богдановци старата Крста Богданица по природа беше лоша од Бајмовци бончанка беше што не ни нареди од колнење од море клетви ни донесе.

Нејзиниот зет Димоски Драган и тој така бончанец домазет за нејзината ќерка и вели во подби шега и во волкот има кабает, негова нечесна одговорност. Тој мрси во велигденски пости, како нашите кучиња за велигденските пости ни коски не добиваат, а не месо. Да дојди и тој пред нашите врати како нашите кучиња да чека за леб, никој не го гони вака арамија и ѕвер, никој не го сака, кој сака маст ќе добие, некогаш стап.

После мир од неколку дена истиот волк ги нападна магарињата преку денот каде што пасеа во местата на Крушка во Средобрего во Бачилиште и на острило благодарение на будноста на мештаните марулци не неправи никаква штета. Со овој напад на волко над марулските магариња селскиот одборник Ристески Димко Танески свика една конференција за да го решат проблем со насилничкиот волк.

Меѓу присутните марулци за оваа средба во случајот со волкот се најдоја и тројцата марулски ловџии Јованоски Цветан Крушка, Новачески Јован и Павлески Ванчо. Кога беа запрашани какво мислење имаат во случајот со волкот, Павлески Ванчо долгогодишен ловџија се јави и рече, сега е забранет за секаков дивеч и за волкот е пред кучење. Во пролетта во 1955 година на долги брег го отепав од двата волци скучниот го распораме, во него најдоме 9 волчиња, го одраме, загарот мој Спасе каде волкот го фрлиме позади брегот во Најчино долче отишол најверојатно од волко јадел, си дојде дома и умре, сигурно затруен беше од волчкото месо. На 13 мај истата година 1955 фати силен пороен дожд следен со град, водата ми однесе два вола, беше ризик да настрада син ми и внук ми од тој зулум кој ме најде откако го отепав волко го сватив за голема божја казна, сега повеќе не влегувам во такви авантуристички глупости.

За збор се јави вторијот ловџија Новачески Јован и со мал негов говор да тој нема срце да носи на душа мајка трудница, скучна волчица се откажа од нејзиното убиство. После разговорот со Јован и одбивање, неговата не поддршка за убиство на волкот скучен, се јави третиот марулски ловџија Јованоски Цветан Крушка за да се изјасни во случајот со волкот за да се изјасни волкот да биди отепан или да не биди отепан.

Цветан со неговото мислење прво рече, прво јас ќе ви опишам еден настан со мајката волчица и нејзините осум волчиња во орницата бонечка во Веслец во 1938 година, па вие размислете.

Во еден пролетен ден пред Ѓурѓовден ги пасиме овците со моето верно другарче и врсниче Велјаноски Благоја горе во Веслец од кај местото Греда од брегот зад Веслец забележаме еден волк клечи и вија. Во исто време забележаме од расјето во орницата бонечка излегоја осум мали волчиња и грабиња према волкот кој виеше, значи тоа беше нивната мајка. Откако се собраа волчињата кај нејзе таа почна да му повраќа месо. Тие награбаа парчиња месо, кој како награба. Таа клекната на задните нозе, а тие се разиграа со бркање низ расјето. Милина да му е на човек да гледа, прават мезилана, борба со играње и бркање.

Едно време мајка му волчицата од клечење легна на тревата, се испружи, малите нејзини волчиња сите дојдоја си фатија по една дојка, го исцицаа млекото. Таа стана ги остави тука волчињата во истиот правец од каде кога дојде, сугурно отиде да им бара нова храна н анејзините осум волчиња, како и за нејзе. Волчињата беа во бонечката ваковска орница под Веслец се растрчиа ловеа бумбари, скакулци и со предните нозе копа во земјата во глувчините дупки фаќа глувци за да си го продолжат животот и не умрат од глад. За оваа нивна работа на човек мерак да ја гледа, божја дарба. 

Марул и околните села имаат преку 20 000 сите добиток и наполу од оваа бројка, крупен добиток, ќе украдел волко овца или јагне еднаш неделно голема штета правел, а можи со денови и гладен да биди и е обвинет кабетлија, а додека човекот во ден ништи илјадници овци оправдано божја работа, рече ловџијата Цветан Крушка.

Јас деновиве купив 30 овци со нивните јагниња, имам четири магариња и четири биволи, волкот е арамија од што да ми земи не се лутам. Секоја година орело ми зема кокошки, не се лутам, тоа е природен процес едно со друго да се јади за да се одржи природата во правилен пат. За време вторава војна кое го доживеав и видов осветничка глупава работа во Славонија помеѓу српскиот и хрватскиот народ, забиен бајонетот во гравидна, трудна жена прободена и детето во нејзе набијан дрвен кол и така оставена во која бога црква и Исус веруваат убијците.

Ја се откажувам за учесник како убиец на волко скучен да си носам доживотно траума како убиец на недолжно животно. Со тоа заврши пресудата во позитивна одлука на марулските над волкот. После неколку дена се расчу да скучниот волк го нападнал стадото со овци на штавичанецо Кукески Никола во местото Букодел во Ормано, северно од Штавица. Никола со помош на неговите кучиња, неговиот овчарски стап, неговата храброст и временската способност од триесет годишна старост го совладал и го убил волкот и на таков начин заврши драмата со волкот и неговите недоносени во живот волчиња. Се исполни пророштвото на Драган секој кој сака да јади маст, ќе добие по грбот стап.  

Продолжува

Loading