РАЗГРАНОК ВО МАЛО КОЊАРИ

Пензионерско здружение

Извршниот одбор на здружението на пензионерите, на барање на членството од селата во близина на градот даде виза за отворање на разгранок во Мало Коњари. И таму пензионерите ќе се собираат и разменуваат мислења, ќе предлагаат решавање на одредени прашања. Тука влегуваат и пензионерите од селата Галичани и од Кадино село.

Ова ќе биде дваесетти разгранок во Прилеп, обезбеден со соодветна опрема за подобри услови на активности во просторијата каде ќе можат да престојуваат по некое време пензионерите.

Извршниот одбор даде зелено светло за збратимување со колегите од Кавдараци, по урнекот со битолската асоцијација. Збратимените пензионери ќе изведуваат заеднички активности во повеќе области.

Дваесетина здравствена контрола

Лекарска екипа од болницата Филип Втори на Жан Митрев прегледа бесплатно, темелно дваесетина пензионери во клубот во населбата Тризла. Со мобилни апарати биле правени ЕКГ прегледи и друга дијагностика. Проверката на здравствената слика беше на барање на прилепското здружение на пензионерите.

Loading