ВРЕМЕНО ЗЕМЈЕНО КОРИТО ЗА ЗАШТИТА

ЈКП Комуналец го приведе при крај чистењето на коритото на градската река од мостот кај ул. “Димо Наредникот” до железничкиот мост. Канализирано е речното камено корито на долниот дел и водата е насочена по својот тек. Кренат е насип за заштита од поплави, додека се регулира проблематичниот дел.

Останува на комуналците да транспортираат огромни количини на отпад, тиња и мил до депонијата во Алинци од десната страна на коритото.

Loading