ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (195) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Доваѓаат постарите василичари со малите деца василичарчиња заедно со музиката и ораџиите. Павлески Јованче ја имаше преземено гајдата. Василичарите кај Дончовци пречекани со добро дојдовте со пијалок, вино и ракија. Се направија неколку песни и ора , се изнесоја колбасите за делење, делач е дотогашниот гајдаџија Павлески Јованче, овчарски другар од времето на Колективот.

Штотуку василичарите земаа следовање од кај Дончовци влегуваат во споредната врата во истата куќа кај брато на Данчо, Цветко (Цане). Децата прво го сроведуваат цив пиле, викање гласно за суро, суро, пржат колбаси. Гајдата од Алексо Бабјак пишти во дворо. Се редат ора и песни. Домаќинот Цане го повикува Петрески Ванчо Бабјак, зет за прва брачеда од тетка за делач на колбасите. Се појави братот на Цане, Китан Јанкоски со една тепсија полна со сечени во парчиња колбаси и му ја подаде на Јолески Благоја за делач, прв брачед од тетка. Децата василичарчињата ги направија религиозните работи, цив пиле, викање за суро, печење на колбаси и во китановата куќа.

Веселбата и традицијата заврши и кај Китан. Сите василичари кои беа послужени со колбаси кај Цане – Цветко и Китан одат во комшивската куќа на стрико му Крсте Јанкоски. Децата први влегуваат дома и започнуваат со адетите, прават цив пиле и викаат сите сложно, суро, суро, суроо. Овој ден Василица за прв пат беше пречекан како самостални домаќини Крсте, Китан Цане и Данчо.

Постарите василичари од кај Китан и Цане распеани со ора под нив велгоја кај Крсте Јанкоски. Пречекани од домаќинот со пијалок. Дома кај Крсте направија повеќе песни и ора. Времето одминуваше, домаќинот Крсте го повика за делач на василичарскиот подарок делач на колбасите Трајаноски Алексо Танески, зет за внука од прва брачеда на домаќинот Крсте.

Децата први се наредија во ред за земање колбаси, па и возрасните василичари. Сите василичари насекаде во селото беа подеднакво послужувани. Со тоа кај Крсте Јанкоски заврши василичарскиот ден мирно за во 1957 година македонска православна нова година. Сите делачи на колбасите вишокот ги добиваа бакчиш од домаќините.

Василичарите од кај Крсте Јанкоски си заминуваат за дома каде ги чека трпезата со богато јадење за нашата православна нова година. Куќите кои не се спомнати со зетови, немало кај нив зетови. Војникот Богоја Мурџески и Ќиро Танески беа повикани за ручек кај Димитријовци поради Миланица Мара и Богоја се први брачеди од брат и сестра по Беровци Богоевци. Богоја Мурџески имаше голем талент во култура, педантен однос према секого.

Тој ден на Василица беа посетени во Марул педесет и едно домаќинство и три влашки домаќинста, вкупно педесет и четири домаќинства. Со самото шетање на василичарите низ селото се разнесе еден глас да на одење дома зетовите марулски од Штавица, Чумово и од Прилепец ќе правеле коњска трка од местото Горни Цуцул во должина од еден и пол километер до местото Преслап сињорот на границата Марул – Штавица. Оваа вест донесе повеќе интереси и возбудување кај самите марулчани.

Една поголема група се собра во местото Горни Цуцул за да ја гледаат коњската трка. Велјаноски Методија и Благоја Танески, Јованоски Данчо и Петре Курелоски, Јовчески Томе Велјаноски, Јошески Данчо Котески, Колески Ванчо, Митрески Богоја, Петре, Ристе Мурџески, Митрески Гроздан Крушкоски, Павлески Аце, Мирко, Коле, Павле, Борис Петрески, Павлески Богоја Јоноски, Петрески Петре, малиот Мурџески, Ристески Ванѓел, Ило Јанкоски, Ристески Најденко Мурџески, Ристески Богоја, Сребре, Спасе Танески, Јованоски Трајче Јанкоски. По неполни триесет минути чекање на марулските сеирџии кај местото Горни Цууцул зетовите марулски гости од Штавица, Бозгески Драган, Бутески Ордан, Здравески Васил, Маркоски Благоја, Неданоски Благоја, Џелино Милан. Од Чумово Аџијоски Јаковче, Петрески Тоде, Толески Димче, Трајкоски Трајко од Прилепец, Делоски Ило. На договореното место во четири саатот после ручек.

Откако се собраа и си тргнаа групно нагоре по тумбата Колеска мирно и расположени. Штотуку наближија до Горни Цуцул ја забележа групата од насобраните луѓе сеирџии дојдоја под Цуцул и со подсмев рекоја, бравос бре марулци, сакате до дома да не испратите.

Присутните марулци на марулските зетови им одговорија, разбраме да одовде од Цуцул ќе правите коњска трка со коњите, дојдовме да видиме од спортски натпревари. Здравески Васил Саљо рече, ова го правиме во чест за празнико Василица – суро за нашата православна македонска нова година и за мојот именден победникот ќе добие по еден зобник јачмен бакшиш. Се качија сите на своите коњи и Васил Саљо даде знак шо викат, сега.

Сите ги зграбија коњите, се одалечија од гледачите на Горни Цуцул, се гледа пред насобраните марулци во далечината како јато птици кога летаат, за на одреденото место стигна штавичанецо Здравески Васил Саљо.

Веста во Марул се донесе на денот женски Водици. Таа коњска трка како прослава за нашата нова година за Василица се зборуваше за тоа подолго време. Често се шпекулираше да прв стигнал на местото со коњот чумовчанецо Толески Димче, но во чест на именденот на Васил му го отстапил метото. Васил е победник.

Становништвото во с. Марул на ден Василица  – Суро на 14 јануари 1957 година. Во секое домаќинство за распознавање едно од друго ќе бидат запишани под број и викање на домаќинството во јавноста, познато во надворешниот свет. Посебно ќе бидат запишани по презимињата. Исто така, домаќинствата ќе бидат запишани по начинот, редослед од каде се почнува шетањето и каде завршува шетањето за Коледе и Василица Суро.

Број 1: Јолевци: Тошески Божин, жена Доста, деца Љубе и Ракида. Дојчиноски Благоја, жена Илинка, деца Тодорка, живеат во заедница.

Број 2: Димитријовци: Новачески Јован, жена Ѓурѓа, деца Славка. Цветкоски Милан, жена Мара, деца Велјан, Петре, Ѕана, Гоце, живеат во заедница.

Број 3: Николовци: Јошески Петре, жена Митра, деца дородени. Ѓорѓијоски Стојан, жена Божна, деца Весела, Коле, Јагода, живеат во заедница.

Број 4: Мурџески: Митрески Мите, жена Милица, деца Олгица, Методија, Саветка. Ристејца Стојанка вдовица живеат во заедница.

Број 5: Мурџески: Митрески Степан, жена Божна, деца Ристе, Алексо  и Дуна.

Број 6: Мурџески: Ристески Јован, жена Ѓурѓа, деца Петре. Петрески Атанас, жена Славка, деца Марија, Благоја живеат во заедница.

Број 7: Мурџески: Ристески Цветан, жена Трајана, деца Алтана, Најденко. Петрески Ванчо, жена Мара, деца Китан, Слободанка, живеат во заедница.

Продолжува          

Loading