Локалната самоуправа ќе додели субвенции од два милиони денари на 400 прилепчани кои ќе купат нови велосипеди. За велосипед до десет илјади денари, локалните власти ќе партиципираат 50 отсто од вредноста, а над десет илјади денари субвенцијата ќе биде максимум 5000 денари. Наскоро ќе биде објавен повикот со условите.
Локалните власти ја даваат поддршката на граѓаните да ги остават автомобилите и да се превезуваат на две тркала. Со тоа не само што ќе се растовари сообраќајот и паркинг просторот, туку и ќе се влијае на намалување на загадувањето и зачувување на животната средина.