СО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО СЕ СОЧУВУВА ИДЕНТИТЕТОТ

“Лажна е тезата за уставни измени по бугарски диктат или изолација, затоа што оваа власт веќе нé однесе во длабока изолација. Уставни измени нема да има”.

Ова беше ставот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибината во Прилеп.

– Никој не посакува изолација која веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме и во која подлабоко нé втурна оваа власт. А она што е измама е фактот што кога Ковачевски ќе каже интеграција, всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати за кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки. Наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да ни прават неприфатливи притисоци, треба да бараат подобри услови и фер шанса – рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Според него, не постои Македонија на ДУИ, СДСМ и ВМРО, десна или лева.

– Има само една Македонија за сите. На Македонија и е потребен пакт за национално единство, да се одбрани од нападите и да го сочува идентитетот. Но, и да се исчисти од сите криминалните структури водени од ДУИ, партија на која í е време за опозиција – рече Мицкоски.

За корупцијата и неспособното судство, клучот е во ДУИ и во нејзиониот помал партнер СДСМ.

– Потребно е национално единство да се декриминилизира структурата која го обви нашето општество со висока корупција и црни пари. ДУИ договара пресуди и нарачува обвиненија за пари, оти забегаа со 22 години власт, однесувајќи се како деспоти. Време е сите да одговараат пред словото на законот. Мора да се случат избори, одговорност и правда да тргне Македонија – рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во градот кој живее од тутун и земјоделие Мицкоски најави нов концепт во земјоделството, нови субвенции и обезбеден пласман.

Loading