ФИНАНСИСКА СТАБИЛИЗАЦИЈА

ЈП ПУП

Една ипол година од новото раководство на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, ПУП, постепено се доведуваат работите на свое место. Се менуваат “стаклените” со стабилни нозе. Кажано со бројки, тоа значи дека од долговите од 34 милиони денари, борџовите се намалени за 15и сега се сведени на околу 18 милиони денари. Околу 13,5 милиони се кон Аутомакедонија за набавката на автобисите и нивното сервисирање. Еден ипол милион денари се немпалтенис метки за гориво за Макпетрол и уште околу 3,5 милиони денари за други добавувачи.

Директорот на ЈП со хетерогена дејност, Зоран Јовески, вели дека последнава година ипол фирмата не создава нови обврски, туку ги плаќа заостанатите со рационално и рентабилно работење.

– Заостанатиот долг кон Аутомакедонија, од каде се набавени четирите автобуси на метан, е репрограмиран да се плаќа на 36 рати, такаречи без камата. Или по околу 650 илјади денари месечно. Полека се алиментираат и останатите стари обврски, а нови нема. Секоја нова фактура се плаќа во валутниот рок, со што ЈП се консолидира во просперитетна фирма – вели Јовески.

Тој не го негира влијанието на симболичното зголемување на цените на услугите на заздравувањето на претпријатието, но додава дека, како нов товар дошло зголемувањето на минималните плати и почитувањето на колективните договори, што. такарчи “го изело покачувањето”.

– Обемот на работата е зголемен заедно со продуктивноста. Со помалку вработени, порасната е “продукцијата” за 20 отсто, па и повеќе. Тоа се постигнува со добра организација и менаџирање – вели Јовески.          

Со санирањето на ЈП, се прават калкуации за воведување на секојдневен бесплатен градски превоз, покрај постојниот во недела. Паралелно се подготвува начин за обезбедување на средства од по еден дневен билет од пет паркинзи за децата со посебни потреби, што годишно изнесува околу две илјади евра.

– За бесплатниот превоз, имаме конструкција, но е потребно време. Не би сакал да ги откривам деталите. Постапката е малку сложена. Сепак се подготовува “теренот” – велиЈовески.

Инаку, ПУП од лани се пресели во новите простории во населбата Аличаир, во зградата на поранешното Шумско. Објектот е реновиран комплетно. Сите вработени се на едно место. Просториите за проектирање и урбанизам се соодветни на потребите. Тука се и секторите за градски сообраќај и за паркинг.

Сопствен терминал за автобусите

За паркирање на автобусите се плаќаат околу осум илјади евра годишно. Веќе е готов проектот за сопствена автобуски терминал по рампата кај железничката станица.

– Со околу 600 илјади денари, во кој се вклучени, водоводната и канализационата мрежа, осветлувањето, оградата, влезната порта и други содржини, се обебедува место за десетина автобуси. Со тоа се исчезнува трошокот за кирија за паркирање на други локации и за миење и чистење на автобусите – вели Јовески.

Финале на проектот за монтажен паркинг зад Градска

Хроничниот недостиг на паркинг места во центарот се очекува да се амортизира со изградба на монтажна катната гаража зад градската кафеана Проектот е во фаза на ревидентна ревизија. Тоа значи финална. Ке се обезбедат плус околу педесетна возила, со што двојно ќе се зголеми бројот на паркиралишта. Инвестицијата би требало да биде околу 300 – 350 илјади евра за ублажување на нервозите за паркиралишта во центарот, по исклучувањето на паркингот на дел од тротоарите на булеварот “Гоце Делчев”, од кружниот тек кај тринаесеткатницата до старата стоковна куќа.     

Наскоро проектот ќе биде предаден на локалната самоуправа, која ќе треба да го реализира во зависност средствата во буџетот.

Loading