„СЛАВЕЈОТ“ АНГЕЛ

На државниот натпревар за вокални солисти, ученикот Ангел Кулески од ОУ “Блаже Конески” ги засени сите ривали и го освои првото место. Тој се качи на врвот со освоени 92 поени од стручната комисија.

Гласовната дарба ја надградувал со помош на наставничката Маја Кузманоски. Познавачите на соло пеењето откриваат дека пред талентираниот пеач стои бујна кариера, оти воодушевува со “кадифето” што го испушта од грлото и ги гали сетилата за слух со колоритниот, раскошен глас.

Loading