ПРОГРАМА ЗА ПАТРОНОТ

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” во чест на патронот изведоа богата пригодна програма. Се играше, пееше, танцуваше, се рецитираше, изразувајќи респект на херојот и покажувајќу дека се доследни потомци на своите претци. 79 годишнината од смртата на Јане е само сегмент на  славната историја на македонскиот народ. Тој е само една од илјадниците жртви од крвавата борба за  слобода.

Директорот, Влатко Кузманоски, изрази гордост што води ученици и наставници со силно чувство за негување на традициите и историјата, вткаени во ослободителниот прилепски дух.      

Одбележувањето го удостои и присутвото на градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на советот, Дејан Проданоски.

Учениците и наставниците положија цвеќе на бистата во Алејата на народниот херои.

Loading