ПАК СЕ ЧИСТИ „ДИВО“ ЃУБРЕ

Отпаден градежен материјал, стара покуќнина, обувки, облека, постелнини, теписи и што ли уште не, чистат работниците на Комуналец од  неколку диви депонии кај Салида до бензиската на Лук оил и над населбата Кузман Јосифоски. Убавото време дозволува продолжение на пролетната акција. Маркирани се 12 големи диви депонии и дваесетина помали во околината на градот.

Комуналец обезбеди посебна линија секој четврток за отпад на старата покуќнина да се спречи неконтролираното фрлање на ѓубре надвор од корпите за отпадоци.

Loading