ДОНАЦИЈА НА КОМФИ АНГЕЛ НА БОЛНИЦАТА

Перници, јоргани и чаршафи за сите 400 кревети подари компанијата Комфи ангел. На иницијатива на менаџерскиот тим и сопственичката на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска беше врачена донацијата по повод 7-ми Април, Светскиот ден на здравјето. Донацијата на една од најопштествено одговорните компании содржи комплетно опремување со перници, јоргани и чаршафи за сите 400 кревети, колку што изнесуваат сместувачките легла во установата. Комфи Ангел предаде иста донација и за КАРИЛ клиниката од Скопје.

Директорката на болницата Кети Смилеска, порача дека како досега и понатаму ќе се вложува максимална грижа и подобри услови пациентите. Таа нагласи дека соработката продолжува, упатувајќи апел и други фирми од бизнис секторот да го следат примерот како општествено одговорни компании за подобрување на комплетниот амбиент во болницата.

Јакимовска апелираше на поголема почит кон здравствените работници, затоа што се упатени да се грижат за нашето здравје. Таа потсети за случајот на вработен од компанијата, кој со тешки повреди бил примен во болница, од каде со лекарската грижа и максимален ангажман на тимот за транспорт, предводен од д-р Давид Јованоски, бил префрлен на Клиниките во Скопје, каде бил спасен неговиот живот и повторно е вратен на работа во компанијата.

Вредноста на донацијата е околу 12.000 евра.

Колоноскопија и гастроскопија за пациентите

Наскоро во болницата ќе се активираат апаратите за колоноскопија и за гастроскопија. Специјалистот за овој домен е при крај со подготовките и се очекува граѓаните за оваа дијагностика да не патуваат во други градови. 

Loading