КОН 11. ПОБЕДА!

Кошарка

Ништо ново во кошаркарската Трета лига Б-група. Познато е кој е најдобар – Мега баскет. Така треба да остане до крајот. Поради куп-натпреварите, не овој, туку подалечниот викенд следи 12, рунда и атакот на 11. победа од страна на тимот Мега баскет. Тогаш лидерот во лигата, составот на тренерот Стефан Стевананџија, фаворит е со скопската Спарта, претпоследна на табелата. Мега баскет успева да ја одржи високата форма. Во претходниот настап со убедливи 70:54 го совлада Дибра иглс во Дебар. Најефикасни со по 16 и 14 поена, Стефан Јаневски и Стевананџија.

Табела: Мега баскет 20, Тетекс и Гостивар 2 по 16, ИБА баскет 15, Албес и Хераклеја по 14, Дибра иглс 13, Спарта 12, Љуботен 11.

Loading