ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (178) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Денот Дуовден или слегување на Светиот дух, Педесетница

Пред Дуовден во петокот е мртов петок, не се работи, се спеваат гробовите. Во саботата се работи в поле до ручек. Луѓето после ручек си одат дома, ги чистат гробиштата, припремаат месење, печење, лебчиња за задушница, се колат јагниња за наредниот ден за гозбата, се капат за да бидат чисти за наредниот ден. Се спремаат бардињата за задушница, се китат со свежи цвеќиња, со гранче маслиново, со цреши итн. Наредниот ден, не многу рано, спротивно позакаснато претежно повеќето од куќата со сета спремана работа за задушница со тепсијата со печено јагнешко месо со ориз и млад кромид се оди прво во трпезаријата, се остава печењето и бардињата на своето место со задушницата в кошница се оди на гробовите, се раздава задушница, се враќа в трпезарија, се раздаваат бардињата за задушница за упокоение. Се седнува, се руча и потоа си одат верниците дома.

Поради денот е поизминат и ручани во трпезаријата во црквата помладите одат на сред селото на музика и средби со луѓето. Истото го прават и постарите кои кога ќе ги завршат домашните работи припремајќи екс јадења за после завршетокот на веселбата и средбата на сред селото и припремање нова задушница за наредниот ден за на гробишта повеќето тоа важи за тие кои имаат пресни гробови.

Другите обврски, работи низ селото си функционираат нормално како полјаклакот, говедарлокот, овчарлокот, воловите тие денови се истерани нагоре во орманот. Дуовденските празници траат три дена. Три дена на сред селото има музика. Некои кои се одлучиле да одат на гости каде има селска слава одат на првиот ден на Дуовден.

Сепак, поради во тек е полската работа многумина на третиот ден на Дуовден после пладнина излегуваат на полесна полска работа, садат градини, собираат косено суво сено. Некои прават стриг на овците итн. Села познати во близината на кои им е селска слава се селата: Големо Коњари, Кокре, Тројкрсти, како и селото Путурус до 1955 година кога селото настрада од природна катастрофа од вода помешано со град и силен ветер ураган кој ја преврти џамијата во соседното село Мусинци. На тие домаќинства кои земаат бачило потешко му е за да присуствуваат на сред селото поради додека бачилото е кај нив ги обврзува доста работа со бачилото.

Улогата на децата при годишниот распуст од месец јуни до месец септември 1956 година

Овој годишен распуст како и секој пред него си има свое значење како за децата од женскиот пол исто така и за децата од машки пол, но со различен начин, смер. Некои ќе се радуваат на постигнатиот успех во учењето, добиваат награди за нивниот успех. Некои ќе бидат разочарани поради нивно повторување во исто одделение во новата учебна година, такви случки со очи ги гледаме.

Таквата работа при воспитувањето на еден ученик воопшто не беше позитивна од страна на просветата. Едно дете се пошресува цела година и пак да не ја добија преодната оценка. До одредениот термин за основно образование сите деца треба да имаат преодна оценка за завршено одделение.

Тие ученици кои ги привлекува науката и понатака ќе го продолжат образованието. Додека тие деца кои не ги привлекува науката ќе престанат со нивното понатамошно образование. На годишните завршни одмори сум гледал мои класни другарчиња дека ќе повторуваат, солзи од очите му течат. А цела година на часовите бил или била активен, сега се прави разор. Но не сум бил виновен, тоа е закон на државната институција за просвета. За учебната година 1962/63 за учител во с. Марул беше назначен битолчанецот Гардашевиќ Бранислав, роден во 1942 година.

Бранислав како човек беше многу чувствителен према човека. Према неговата чувствителност и реалност према сите деца од прво до четврто одделение под еднаквост во честите разговори со него за неговите ученици беше подеднакво. За успехот на учениците кај него има две класи на ученици. Одличен со петка и награда, и многу добри ученици со прелазни оценки, нема повторувачи. Таа реалност за прв пат ја увидов и ми остави позитивна слика кај учителот Гардашевиќ Бранислав. Самиот велеше ученик редовен е на наставата, послаб во разумот. Неговите домашни му го знаат квалитетот наместо да плачат заедно со него дека ќе повторува нека се радуваат дома сите со нивниот ученик, еден морал за ученикот поголем. Јас жалам дека не успеа да најдам негова слика да ја насликам во страницата кај неговите колеги.

За време на годишниот одмор преку летото повозрасните односно постарите деца без разлика биле женски или машки имаа одредено некоја работна обавеза одредена од нивните постари домашни. Така да девојчињата имаа посебна домашна обавеза при домашната потреба. Вода за дома ќе донесат, спалните дома ќе ги суредат, дворот ќе го сметат, на аргатите в поле ручек ќе му однесат. Ќе ги навадат градините итн.

Додека децата од машка пол повеќето беа воловарчиња. Собирот на воловарчињата за истерување воловите му беше претежно три мета.

Број 1: му беше на брегот кај трлото од Павлевци Јоновци. Од тука воловарчињата прават план за во кој правец преку денот ќе ги пасат воловите, дали за во штавички ливади или во Бошкоец тогаш го земаат пазарџискиот пат. Или за Бресто и Горни Превалец тогаш го земаат патот за Попојца и Чешмурче за Бресто.

Број 2: Се правеше наутро воловарски собир на падарница кај колибата од полјаците, од тука се делат правци еден преку Шутејца и Крушите за во Долни Превалец. И вториот правец беше за во Садиње. Исто така ако садината беше мека одвратена повеќето воловарчиња ги тераа на пасење во Садиње.

Ако пак се оди на собир наутро на овие горе наведени места тогаш беше граматска тумба воловите ќе пасат преку Смрдла кладенците до Николев Кладенец до брегот подмолски. Штотуку ќе се сместат добиците со пасење, се започнува со доручек. После доручекот се започнува со секојдневните игри. Ложано, лупизелник, чалмушка, котка, кусопетле, челик. За сите овие игри треба да има доволен број на играчи. Колку деца играчи, таква игра се игра, нема ниту едно дете да биди гледач. Во тоа се гледа детинското другарство.

Марулските воловарчиња не беа страдни со вода и вирови за капење. Во Грамада имаше два вира, еден во Капиниште, еден во Орев, еден во Горник, еден во Бошковец, еден во Смесите , еден ама вреден вир Горни Превалец кај бавчата Бабјакоска, еден во Долни Превалец и еден во реките во Попојца. Прво наше пливање беше кучешко пливање и под вода сите пливавме убаво. Често пати го спомнувае недостатокот на историчарот стариот дедо Стојче Танески. Ние си најдоме нов историчар кој ги разбираше работите од турско, Стојан Котев Илија 1876 – 1972 беше историчар прошетан до Америка. Се вратил со пропаганда за ослободување на Македонија, српски војник до Видин бугарски војник до Добружа. Цел живот носеше куршум во главата на осетливо место, во училиштето во Марул има врамено слика како учесник крадењето мазгата на бегот марулски Амдија И мазгата предадена на Толе Паша.  

Продолжува

Loading